П.К.Љуботен

Е-пошта Печати PDF

Активности

Планинарски клуб „Љуботен“ - Тетово според статутарните одредби, односно целите  и задачите, организира активности од повеќе планинарски спортови од кои планинарството, високогорството, алпинизмот и планинско спасителна служба.Во рамките на клубот работат две секции: алпинистичка и секција за планинско спасување. Освен овие две, клубот има формирано и секции во У.Ц. „М. Пијаде“ и О.У. „А.С. Ќиќиш“.;

         

Кон крајот на секоја тековна година клубот изработува програмa, односно календар на активностите за следната година. Календарот се состои од манифестации кои клубот ги организира на интерно, локално, државно и меѓународно ниво.
· Интерните манифестации, кои се и најбројни во календарот на клубот, претставуваат тури на кои одат членовите на клубот, а се организираат без јавно плакатирање низ градот и локалните медиумите и без испраќање на покани кон останатите планинарски друштва.
· Локалните манифестации се организираат без испраќање на покани кон останати планинарски друштва, а со јавно плакатирање во градот и на локалните медиуми, и на истите освен членовите на клубот присуствуваат граѓаните на Тетово и членовите на секциите при училиштата.
· Државните манифестации клубот ги организира со испраќање на писма до планинарските друштва во Македонија, со плакатирање и јавно промовирање преку државните медиуми.
· Меѓународните манифестации се организираат со испраќање на покани до планинарските друштва од Македонија, од земјите на Балканот и до сите оние со кои П.К. „Љуботен“ има контакти, се разбира сето тоа со плакатирање и јавно промовирање на манифестацијата на државните медиуми.

         

Да напоменеме дека државните и меѓународните манифестации влегуваат во годишниот календар на ФПСМ, а пак, само меѓународните, во календарите на земјите членки на Балканската планинарска федерација.Доколку останатите планинарски друштва кои ќе ја посетат оваа страница изјават интересирање  за учество на интерните и локалните манифестации, слободно може да се вклучат на истите, секако со претходна најава и договор.Се разбира дека по покана на останатите планинарски друштва, планинарскиот клуб „Љуботен“ присуствува и на манифестации организирани низ Македонија , и е гостин на планнинарските друштва со кои има контакти.