П.К.Љуботен

Е-пошта Печати PDF

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „ЉУБОТЕН“ НА ПОПОВА ШАПКА
Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово

Локација: На Попова Шапка зад Детското одморалиште во близина на Планинарски дом „Смрека“.
Пристап: Тетово – Попова Шапка (Детско одморалиште)

Услови:

- Дневен престој со кујна, 2 спални соби,  ходник, санитарен чвор.
- Домот нуди 10 легла од кои 4 во една соба, а 6 во друга соба.
- Греењето е на шпорет на дрва кој може да се користи и за готвење, а има и дополнителни греалки за во собите.
- Постојан доток на вода и бојлери во кујна и во WC.
- Постојана снабденост со електрична енергија
- ТВ со ДВД плеер.
- За разлика од останатите планинарски домови, овој дом нуди интимност и пријатност за семејства или помала група на планинари и скијачи.

Цените за оваа сезона:  

- 3000 денари е цена за престој во домот за едно деноноќие.
- 5000 денари е цена за престој во домот за еден викенд
- 2500 денари е цена за престој во домот за повеќе од три деноноќија
- 2000 денари е цена за престој во домот за повеќе од пет деноноќија
Потрошената електрична енергија се наплаќа дополнително, и тоа 10 денари за 1 киловат ел.енергија.
Во цената  не е вклучена постелнина.

За членови на клубот цената за едно деноноќие изнесува 300 денари + 10 денари за 1 киловат потрошена електрична енергија.

Работно време: Домчето е отворено за гости преку целата година, но не е со постојан домар. Затоа потребна е претходна и навремена најава во Планинарскиот клуб „Љуботен“,  поточно на одговорниот за домот.

Информации:  

- Ацески Зоран (контакт тел. +389 71 660 806)
- Грнчароски Димче (контакт тел. +389 77 989 101)

СЕКОЕ СВРАЌАЛИШТЕ, ЗА ДОБРО ИЛИ ЛОШО, Е ДОМ НА СЕКОЈ КОЈ ВО ИСТОТО ПРЕСТОЈУВА.
СЕТО ТОА ВОДИ КОН ЕДНО.
ЗА СЛЕДНИОТ ДА ОСТАВИМЕ И ПОДОБРО!

ПЛАНИНАРСКИ КЛУБ „ЉУБОТЕН“ – ТЕТОВО
Р.МАКЕДОНИЈА