П.К.Љуботен

Е-пошта Печати PDF

Титов Врв

ВРВ СО НАЈДОЛГА ИСТОРИЈА...

Уште со преименувањето на највисокиот врв на Шара од Турчин во Титов Врв во 1953 година, а подоцна и со изградба на кулата на самиот врв, членовите на П.К. „Љуботен“ по повод Денот на младоста, организираат искачувања на овој врв, но на интерно и локално ниво. Така е се до 1980 година кога поради смртта на Ј. Б. Тито се прекинуваат сите манифестации организирани за Денот на младоста. Тогашната управа на друштвото одлучува да го организира првиот Меморијален поход на Титов Врв.
Таа година, поточно на 25 Мај, по доста непогодни услови, голем ветер и снег, а сето тоа проследено со ниски температури, 104 планинари од 35 планинарски друштва на СФРЈ се искачуваат на висина од 2747 метри, на најависокиот врв на Шар Планина, Титов Врв, со што му оддават почит на дотогашниот претседател и со желбите за мир и за понатамошно ширење на братството и единството се согласуваат овој меморијал да се организира и понатаму секоја година на државно ниво.

Титов Врв 1980
Титов Врв 1981
Титов Врв 1982
Желбите се остварија, 800 планинари од повеќе планинарски друштва на СФРЈ пристигнуваат во Тетово на Попова Шапка - Шар Планина да го искачат Титов Врв, да уживаат во убавините на планината, да запознаат голем број на планинари, да пеат и да се радуваат на средбите.
Титов Врв 1985
Титов Врв 1987
Титов Врв 1988
Со текот на годините меморијалниот поход на Титов Врв организиран од страна на планинарскиот клуб „Љуботен“ станува се поактуелен, помасовен и доста посетуван. Со оваа манифестација клубот стана препознатлив не само на балканските простори туку и на пошироките простори од Европа. За илустрација, во 1985 година на Попова Шапка беа присутни 1200, а 1000 учесници се искачија на самиот врв, додека пак во1986 на Попова Шапка дојдоа 1250 планинари.
Титов Врв 1989
Титов Врв 1994
Титов Врв 1996
Во почетокот планинарите се движеле по старата вакуфска патека која продолжувала до Карабунар, од каде се искачувале кон Титов Врв. Во 1985 година искачувањето е организирано по церипашинската патека. Следните години повторно по вакуфската патека, но одбегнувајќи ги Казани, за последните 15 години да се движат по вакуфската патека која продолжува до Казани и се искачува до кота 2400.
Титов Врв 1997
Титов Врв 1998
Титов Врв 2000
Во почетокот на деведесеттите бројот на учесниците на походот се намамалува поради познатите збиднувања во Југославија. Во овој период, поточно со осамостојувањето на Македонија, походот од меморијален преминува во традиционален. На 27-28 Мај 2006 година, се одбележа 25-то традиционално искачување на Титов Врв. Учество зедоа планинари од повеќе европски земји, а на самиот врв се искачија 500 учесници.
Титов Врв 2003
Титов Врв 2005
Титов Врв 2006
2007 и 2008 година манифестацијата почна да го враќа стариот сјајот. Голем придонес за тоа имаа членовите на клубот и помогателите, а посебно ТТК-Банка Скопје. Бројот на посетители стануваше се поголем со што во 2008 ја достигна највисоката бројка на искачени планинари во последните 15 години, 700 учесници стапнаа на врвот на Шар Планина.
Титов Врв 2007
Титов Врв 2008
Титов Врв 1980 - 2008
Огромен број на планинари од голем број на планинарски друштва доѓаат за да се искачат на Титов Врв. Планинари од 7 до 77 години, по секакви временски услови, газат по големите тревни површини, по распрсканите енцијанери и љубичици, по острите планински сипари и по ладните шарски глечери. Сите тие со една мисла и желба за љубов, мир и среќни мигови.