П.К.Љуботен

Е-пошта Печати PDF

Лешница

Лешница - место на кое, ако човек еднаш отиде, лесно ќе го најде патот за да оди пак.

Пролетта 1954 година, планинарскиот клуб „Љуботен“, поточно неговото членство, одлучува големиот македонски празник Илинден да го прослави на свој начин. Истата година тоа и се случува. По повод двата Илиндена планинарскиот клуб „Љуботен“ организира слет на Лешница. Околу 2 Август стотина планинари тргнуваат од Тетово кон Попова Шапка, па оттука кон Лешница ги поставуваат шаторите, го формираат логорот и 4 дена според предвидената програма уживаат во убавините на Лешница. Дел од таа програма се утрински вежби, предавања за планинарството и неговите спортови, планинарски тури кон Титов Врв и Караникола и предавања за прва помош.

Лешница 1954
Лешница 1954
Караниколичко Езеро
Лешница 1954
По успешно завршената манифестација членството одлучува оваа манифестација да стане традиционална и скоја година да се изведува со логорување на Лешница и со околни планинарски тури. Следната 1955г. слетот зема уште поголем замав: 150 планинари од цела Македонија доаѓаат на Лешница. Лешница е убава, а околните места прекрасни за планинарски тури. Во зависност од можностите планинарскиот клуб „Љуботен“ овој слет го организира како слет на Јелак или Попова Шапка со планинарска тура на Лешница. Некои години е само како еднодневна тура кон Лешница преку Горна Лешница. На крајот од педесеттите години овој слет е организиран на Јелак.
Лешница 1954, Кривошичко езеро
Лешница 1954, Јелак
Лешница 1954, Јелак
Најкарактеристични се слетовите во средината на шеесеттите години поточно во 1964 и 1965 година кога на Лешница логоруваат 400 планинари од цела Македонија. Тие години планинарските тури се кон Караниколичко Езеро. На крајот од шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години овој слет се организира на државно ниво, а посетеноста е се поголема.
Лешница 1964
Лешница 1965
Лешница 1976
Интересни се осумдесеттите години кога клубот влегува во склопот на збратимените планинарски друштва на СФРЈ и кога на овој слет има и по 1500 планинари, и тоа не само од Југославија туку и од повеќе европски земји. Во тие години Лешница е облеана со планинари по сите нејзини делови.
Лешница 1982
Лешница 1984

Лешница 1984
Караниколичко Езеро
Во деведесеттите години бројот на учесници се намалува, а слетовите со по 200 планинари се на Лешница со планинарски тури кон Џинибег и Кривошија. Крајот на деведесетите години, поточно во 1998, 1999 и 2000г. слетот е на Јелак, а турата кон Лешница.
Лешница 1996, Кривошиски Водопад
Лешница 1996
Лешница 1996
Во 2003 и 2004 планинарскоит клуб „Љуботен“ слетот го организира на Попова Шапка со логор околу планинарскиот дом на клубот и со планинарска тура кон Лешница преку Горна Лешница
Лешница 2003,
Попова Шапка
Лешница 2004, Планинарски дом „Љуботен“, Попова Шапка
Лешница 2005,
Горна Лешница
Последните две години 2005 и 2006 поради големите обврски на клубот кон другите манифестации, овој слет е организиран како еднодневна посета на Лешница и нејзините убавини. Сепак желбата на планинарите е во иднина логорите да ги организираме на Лешница, а планинарските тури да се одвиваат по нејзините прекрасни површини.
Кон кадите на Кривошија 2006
Кон Лешница 2007
Горна Лешница 2008
Во 2007 и 2008 година оваа најдолга по традиција манифестација во Македонија ја продолживме со логорување на Попова Шапка и едноднево искачување кон Лешница преку Горна Лешница со посети на Кривошиските кади.