П.К.Љуботен

Е-пошта Печати PDF

За имињата

ШАР ПЛАНИНА
Шар Планина - име кое нешто кажува. Дали е тоа заради нејзиното шаренило или пак тоа претставува име кое датира од многу постар период и значи нешто друго? Да провериме!
Најголем труд за откривање на корените за името има вложено еден од најпасионираните истражувачи на Шара, Душан Кривокапиќ. Тој има забележано дека уште и дечанскиот архимандрит Сава, вака ја има опишано овааа планина: "снежна белина, зелена трева, сивкасти камења и различни дрвја". Потоа францускиот истражувач Ами Буе, името го објаснува со разновидноста на планинскиот релјеф и растителанта покривка, со што го користи името Шар, а наполно ги отфрла дотогаш користените турски имиња како "Шарлаг" и "Чардаг".
Сепак името Шар Планина потекнува од поново време, поточно од 1840 година кога во пишаните документи покрај имињата "Скардус", "Монте Аргентаро" се појавуваат и домашни и турски имиња: "Шар", "Шара Планина", "Шарта", "Шарлаг" и "Чардаг".
Инаку и античките Грци и Римјани ја познавале оваа планина, пр: Полибие за Шара го споменува името "Скардос", а Ливие, "Скордие Монтис" и "Скардус".
Јован Цвииќ објаснува дека планината се до 16 век се викала "Скардус". Тоа име потоа се губи и се вика "Монте Аргентаро" со што во 19 век веќе се употребува името Шар Планина.
Според истражувањата на повеќе автори името "Шар"  потекнува од името "Скард", односно латинскиот збор "Скардус".
Значи името е "Шар Планина", а планината е Шар Планина!
А Попова Шапка?
Се надеваме дека на сите добро Ви е познато од каде името на местото на Шар Планина наречено Попова Шапка. Дали е така?
Секако дека асоцира на шапка на некој поп кој најверојатно ја има заборавено оставени или пак ветерот му ја има оддувано од неговата глава.
Според кажувањата на тоа место поминувал некој поп кој одел кон Тетово и во тој момент задувал силен ветер, при што му ја оддувал шапката. Тој на своите помошници им наредил да ја побараат но поради временските услови тоа не било можно, при што си заминале, а местото засекогаш го добило името според поповата шапка, односно Попова Шапка.
Што е со Титов Врв?
Највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв името го добил на следниов начин:
Местото каде што се наоѓа врвот е во внатрешноста на масивот. Околу него се наоѓаат уште 2 врва со пониска висина и тоа Мал Турчин 2702м. и Бакардан 2700м. Најстарото име за ова место датира од многу одамна како Тричин што всушност ги означува трите врва. За време на владеењето на Турците врвот во средината го добива името Турчин или Турчин Планина, а останатите два ги добиваат и сегашните имиња, т.е. Мал Турчин и Бакардан. Името останува Турчин се до 1934 година кога во месец октомври е преименуван во Александров Врв, во слава на кралот Александар 1.
За време на Втората светска војна врвот го добива своето старо име Турчин или Голем Турчин.
Така е се до 21.04.1953 година кога со оклука на Собранието на Н.Р. Македонија врвот го добива денешното име Титов Врв.