П.К.Љуботен

Лични впечатоци
Лични впечатоци

Лични впечатоци (10)

Понеделник, 08 Мај 2017 22:13

2 во 1, маркирање и уживање

Пролетнот дожд, не не спречи и оваа недела, да се упатиме кон нашата омилена дестинација - Шара прекрасната. Впрочем таа не само место за посета, таа е наш дом. Овој пат, на најубав можен начин, го споивме убавото и корисното. Убово се прошетавме а во едно и ја маркиравме стазата Белојште - Сенокос - Вратница. Преубава, лесна стаза, дури и за помалку кондиционо спремни вљубеници во природата. Повелете следете…
Понеделник, 24 Април 2017 21:52

Волшебниот Белојшки водопад

Уште еден убав неделен ден.Го посетивме Белојшки водопад,насмевките беа доказ за убавата дружба. И старо и младо сите заедно тргнавме село Белојште кон прекрасниот водопад. Се движевме по планинарска патека проверена од наша екипа, и уживавме во прекрасниот пролетен ден. Сонцето срамежливо ѕиркаше зад облаците, ама затоа нашите мали сонценца Лука, Ева, Лина и Матеа зрачеа со позитивна енергија. По два и пол часа пешачење пристигнавме на карпата, висока…
Имаше толку планинари на едно место, што свежото априлско утро зрачеше топлина. На членовите на организаторот ПК Љуботен му се придружија пријателите од ПК Јелак, ЗПЗП Козјак 2013 од Куманово, како и низа други љубители на планинарењето и природата, меѓу кои и три десетгодишни сонца, Стефан, Немања и Михајло. Со возила се искачивме преку с. Боговиње до Ново Село, на надморска височина од  околу 1050m. Од тука, реки планинари…
Понеделник, 10 Април 2017 20:07

Три Воде 2017

Сончево пролетно утро! На ред се Три Воде!Старт на турата 08:00 ч. во с. Теарце.Собрани од сите страни со насмевка и топол поздрав, тргнавме накај с. Брезно. Попатно со раскажување на разно-разни случки, со мирис на свежо расцветаните дрвја и по некое селфи, пристигнавме во с. Брезно каде што од страна на нашите најдраги љуботенци- ветерани ни беа подготвени топло ѓеврече и планинарски чај. По кратка пауза се упативме до…
Вторник, 11 Октомври 2016 21:58

Љуботенци на Вихрен- врвот на бурите

Врвот Вихрен (2914 м/нв), се наоѓа на северниот дел на планината Пирин и е втор по височина во Бугарија после Мусала на Рила (2925) и трет на Балканот, после Митикас(2917) на Олимп, Грција. Старото име на Вихрен е Ел-тепе (до 1942 г) и значи Врвот на бурите. Во Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, според годишниот план, одлучивме од 16-18 септември 2016 година, да тргнеме кон освојување на овој врв.…
Вторник, 11 Октомври 2016 21:51

Лешница- срцето на Шар Планина

Дојде и тој ден, 29.07.2016, се прашуваш кога помина цела година? Од друга страна си велиш па ваљда нема да не фати толку лошо невреме како минатата година!!! И на крај потврдуваш со сите околу тебе со два збора, па за ЛЕШНИЦА вреди!!!! Благодарение на нашите предци во ПК Љуботен кои ја имаат започнато оваа традиција со организација на ваков слет, годинава се организираше 62 –от Илинденски слет на…
Вторник, 11 Октомври 2016 21:12

Дешат- гордоста на Мијачијата

Ги затворам очите и низ главата ми поминуваат слики, како да се тука пред мене... за се’ она што ми го раскажувала баба ми: селскиот активен живот, чувањето добиток, правење сирење, одгледувањето на различни растенија, спокојот кој го нудела планината со сета нејзина раскошна убавина. Ги отворам очите и еве ме денес. Си велам... ќе го нарчеам текстов “Заборавената природа“, бидејќи тука ни се ливадите, шумите, карпите, реките и…
Вторник, 11 Октомври 2016 20:59

Брезовица

Викенд. Време за на планина. Како и секогаш, некаде на Шара. Според календарот на активности, овој пат се откриваа убавините на Шара од косовска страна, со почетна точка од местото Превалец, па се’ до македонска страна до село Теарце. Планинарскот дом „Љуботен“ овој пат гостуваше на планинарскиот дом Успон – Штрбце, првиот, најстар во Македонија, вториот најмлад планинарски клуб во Србија. 13 љубители на планините беа возбудени за "Видовдански…
  Убаво неделно утро 12 Јуни, според календарот на активности на тимот на ПК Љуботен, предвидено беше волшебното Караниколичко Езеро. Полни со ентузијазам и насмевка на лицето, 36 луѓе тргнавме во потрага по убавините на нашата Шара. Ние, вљубениците во планината и природата, собрани од различни генерации, на чело со нашата мила 6 годишна Анастасија, турата ја започнавме од шарското Село Вешала, од каде благо се искачувавме по прекрасните…
Вторник, 11 Октомври 2016 20:40

Магијата на Корабскиот водопад

На ден 05 06 2016 недела, петочлена екипа на ПК Љуботен се приклучи на акцијата на ПК Трансверзалец за посета на Корабскиот водопад. Тргнавме рано наутро, а екипата од Скопје ја чекавме во Маврово. Со свои возила продолживме до с.Рибница .Од тука започна нашето петчасовно пешачење со цел да ја почуствуваме магијата на Корабските водопади. Групата е голема и се развлекува. Ние се движиме по средина на колоната, по…